Во САД во јануари најмногу смртни случаи од почетокот на пандемијата


– Во САД во јануари е регистриран најголемиот број на смртни случаи од коронавирус од почетокот на пандемијата.



Од 1 јануари до вчера во САД се забележани повеќе од 79.000 смртни случаи од коронавирус, што е над илјада повеќе од претходниот рекорд во декември, пренесуваат податоците на Си-Ен-Ен добиени од Универзитетот Џон Хопкинс.

САД се првата земја во светот според бројот на потврдени случаи на коронавирус и спорд бројот на смртни случаи од последиците на инфекцијата.