Во САД до јануари од Ковид-19 може да умрат речиси половина милион Американци 


Во САД до јануари од Ковид-19 може да умрат речиси половина милион Американци  - МИА

Вашингтон, 4 септември 2020 () – Тимот на Белата куќа задолжен за одговор на пандемијата во САД излезе со прогноза дека во земјата до јануари 2021 година од коронавирус може да умрат повеќе од 410.000 Американци, јави Си-Ен-Ен.


 

САД се најзагрозена земја во светот во однос на бројот на заразени и починати. Тимот денеска излезе со прогноза дека во САД до јануари 2021 година од коронавирус може да починат речиси половина милион Американци.

Оттаму, исто така, покажаа модел кој посочува дека во декември годинава од коронавирус може да умираат 3.000 луѓе дневно, бидејќи во меѓувреме ширењето на болеста ќе го помогнат други сезонски вирусни заболувања како грип или разни видови алергии.

Во обраќање пред толпа поддржувачи во Пенсилванија, американскиот претседател Доналд Трамп, од кои мнозинство не носеа маски, праша „дали знаете некој човек кој толку многу сака маски како Бајден?“  

Коментарот на претседателот доаѓа откако во САД вчера беа забележани над 185,000 жртви од Ковид-19, а притоа и ги омаловажува препораките на лекарските експерти за важната улога што маските ја имаат во запирање на вирусот, и отварање на бизнисите во земјата, бидејќи луѓето без симптоми кои не носат маски можат да ја пренесат болеста без да знаат за тоа.  

Бајден на ова денеска одговори дека Трап е „апсолутен будала“.  

-Оваа мачо работа, за некој како него, …. чини животи. Претседателите треба да раководат, не да покажуваат непромислена и лажна машкост, истакна Бајден. 

Трамп уште во јуни прифати да носи маска и постираше фотографија на Твитер алудирајќи дека тоа е „патриотски чин“. Во меѓувреме тој став се промени поради неповолните резултати од анкетите за неговиот рејтинг, сметаат познавачите.