Во Русија стапи на сила законот за промена на полот: „Одлуката има за цел да ги заштити нашите граѓани“

rusija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Законот за забрана за промена на полот кој стапи на сила има за цел да ги заштити граѓаните, децата, да ја зајакне институцијата семејство и да ги зачува традиционалните вредности, изјави претседателот на руската Дума Вјачеслав Володин, коментирајќи ги законите кои стапија на сила во август.

“Промената на полот е забранета. Одлуката има за цел да ги заштити нашите граѓани, децата, да ја зајакне институцијата на семејството и да ги зачува традиционалните вредности. Во странство, особено во САД, бројот на операции за промена на полот се зголемува. Овој пат води до дегенерација на нацијата.За нас тоа е неприфатливо.


Покрај тој закон, постарите ученици добија право да предаваат во градинките и основните училишта.

Володин нагласи дека законот ќе помогне да се пополни недостигот од кадар во училиштата, а младите ќе се стекнат со работно искуство и пракса и пред дипломирањето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK