Во Русија двајца Јеховини сведоци осудени за екстремизам



– Двајца припадници на христијанската верска заедница Јеховини сведоци осудени се за екстремизам во Русија, а уапсени се четири лица, од кои еден е малтретиран во притвор, соопшти верската заедница.

Судот во Камчатка ги осуди Михаел Попов и неговата сопруга Јелена на парична казна од 350.000 и 300.000 рубљи (околу 5.000 и 4.300 евра) поради учество во екстремистички активности поврзани со нивното членство во Јеховини сведоци.

Во текот на оваа недела руската полиција претресе околу 40 домови на Јеховините сведоци во Чита, град во јужен Сибир и уапси четири членови на групата.

Русија во 2017 година ја забрани групата Јеховини сведоци и ја прогласи за екстремистичка организација. Од тогаш, стотици членови на групата се уапсени во рации и гонети. Дваесет и девет членови на верската заедница се осудени, деветмина се осудени на затворска казна. Повеќе од 300 членови на групата во моментот се под истрага.


Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница - МИА
Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус до сега се заразени 32.209.019 лицe. Од нив починале 983.767 пациенти, а оздравеле 23.752.955 луѓе. – Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаи на Ковид-19, а […]

Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]