Во Редфорд, родното место на Џорџ Флојд, се оддржа втора комеморација


Во Редфорд, родното место на Џорџ Флојд, се оддржа втора комеморација - МИА

Редфорд, 6 јуни 2020 () – Во Редфорд, во американската сојузна држава  Северна Каролина, денеска се одржува втората комеморација за Афроамериканецот Џорџ Флојд, чија смрт за време на полициската операција во Минеаполис пред десетина дена предизвика протести низ САД.

Стотици граѓани стоеја во ред пред црквата во Редфорд, каде е изложен ковчегот со телото на Флојд, јави УСА Тудеј.

-Граѓаните влегуваа во црквата во групи од по 10 лица и беа замолени да носат заштитни маски, рече окружниот шериф Хуберт Петекин.

Долж патеката што води кон црквата граѓаните положија цвеќиња и оставија пораки, а една од нив беше: „Џорџ Флојд го ​​промени светот“.

Ова е втора комеморација на Флојд откако пред неколкку дена се одржа меморијална служба и во во Минеаполис, местото каде тој почина.

Последната, трета комеморација, ќе се одржи во понеделник во Хјустон, каде Флојд порасна и го помина најголемиот дел од животот.


Партиите не отстапуваат од средби со граѓаните, но ветуваат почитување на мерките - МИА
Вести

Предизборната кампања на средина, се вжештува реториката

– Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата. Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби […]

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово - МИА
Вести

Засега нема препорака за затворање на границите со Србија и со Косово

Скопје, 4 јули 2020 () – Засега нема препорака од Комисијата за заразни болести ниту пак одлука за затворање на границите со Србија и со Косово, потврди вчера премиерот Оливер Спасовски и истакна дека во […]

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита - МИА
Вести

Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита

Скопје, 4 јули 2020 () – Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. […]