Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на Ромите и поделени 330 хуманитарни пакети


Во Прилеп одбележан Меѓународниот ден на Ромите и поделени 330 хуманитарни пакети - МИА

Прилеп, 8 април 2020 () – Со традиционалното кревање на знамето на ромската заедница пред прилепската локална самоуправа и со доделување 330 пакети со храна и дезинфекциски средства денеска во Прилеп беше одбележан 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

Упатувајќи порака, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски рече дека покажуваме дека сите сме еднакви и токму во тој правец е и хуманитарна акција за жителите, главно од прилепската населба Тризла 2 каде најголемиот број жители се Роми.

– Ова го правиме за да покажеме дека сите сме еднакви, и во добро и во зло. Во таа насока е и денешната хуманитарна акција. Имено, на 330 семејства во населбата Тризла 2 каде живее најголемиот дел од ромското население им се доделуваат пакети со прехранбени продукти и дезинфекциски средства за уште еднаш да покажеме дека сме сите заедно и сме еднакви, рече Јованоски.

Јованоски упати апел до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките за заштита од коронавирусот. ир

Таг


Вести

ОМД ја поздравува одлуката против Бугарија во спорот со македонското малцинство во ЕСЧП

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) ги поздравува позитивните решенија на Европскиот Суд на Човекови права во Стразбур, поднесени против Бугарија поради кршењето на Член 11 (слобода на собирање и организирање) од Конвенцијата за заштита на човекови […]

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба - МИА
Вести

Советот за безбедност утре ќе одлучува за евентуално продолжување на вонредната состојба

Скопје, 29 мај 2020 () – Советот за безбедност утре на пладне ќе одржи седница во Кабинетот на претседателот „Вила Водно“, на која ќе се одлучува за евентуалното продолжување на вонредната состојба. На седницата, покрај […]

Од 29 заболени со коронавирус во тетовскиот регион, 16 се од Тетово   - МИА
Вести

Нови 52 случаи на КОВИД -19, четворица починати и 30 оздравени

Скопје, 29 мај 2020 () – Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 52 нови лица позитивни на коронавирусот и 30 оздравени пациенти. Во овој период починале четири лица, две на […]