Во потрагата по исчезнатата подморница се вклучи норвешки брод опремен со роботи

norveski brod
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Повеќенаменски брод опремен со два автономни подводни роботи се вклучи во операциите за пронаоѓање на малата подморница „Титан“, исчезната во близина на потонатиот брод Титаник во Северен Атлантик, објави денеска нејзиниот сопственик, норвешката услужна групација DOF.

„Сканди Винланд пристигна на местото каде се врши потрагата во вторник околу 19 часот по локално време. Сканди Винланд распореди два ROV (подводни возила на далечинско упсравување) за да придонесе во истражувачките напори собрани под команда на крајбрежната стража на САД“, се вели во соопштението на ДОФ.


Повеќе бродови и авиони, вклучително и американски и канадски, се вклучени во трката со времето за пронаоѓање на петте преживеани од малата подморница „Титан“, исчезната од неделата во близина на потонатиот брод Титаник, чии резерви на кислород се очекува да се потрошат утре.

Во потрагата е вклучен и француски брод од Ифемер, исто така опремен со робот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK