Во Перу симболични венчавки на геј двојки на Денот на вљубените


– ЛГБТ двојки во Перу го одбележаа Денот на вљубените со годишната свеченост, на која 11 двојки учествуваа во симболичната церемонија на венчавање, со цел да апелираат на изедначување на истополовите бракови во таа конзервативна јужноамериканска држава.

Геј двојките разменија завети во паркот Мирафлорес во Лима на церемонијата „Љубовта не дискриминира“.

– Оваа е протест бидејќи е време државата Перу да дозволи граѓански брак, што ние Перуанците го заслужуваме и на кој имаме право, изјави еден од учесниците Хуан Карлос Мартинс.

Најголемиот број жители на Перу се католици и е една од земјите во Јужна Америка, која делумно не ги признава истополовите заедници.

Аргентина, Уругвај, Бразил и Колумбија во последните години ги легализираа истополовите бракови.


Вести

Комисијата во МВР разгледала 77 барања од граѓани за издавање пасоши

Комисијата во МВР која со решение на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев беше формирана поради ограничениот број обрасци на патни исправи, на вчерашниот прв состанок разгледала вкупно 77 барања од граѓани, за кои по […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од голема количина со крајна дестинација во земјава, засега приведени четири лица

– Еден килограм запленет кокаин, кој бил дел од многу голема количина дрога, чија крајна дестинација била нашата земја, приведени четири лица, отворање на финансиска истрага за правното лице во чии простории е пронајдена дрогата, […]

Вести

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

– За полициската акција што синоќа се одвиваше во село Крушопек, во скопски Сарај, при што беше запленет еден килограм од вкупно 1,3 тони кокаин контролирана пратка, во магацин за овошје – банани, се очекуваат деталните […]