Во неколку руски области прогласена вонредна поради шумски пожари


Шумските пожари во Русија зафатија површина од 17.500 хектари - МИА

Москва, 29 мај 2020 () – Пожари ширум Русија зафатија повеќе од 14.300 хектари шума, соопшти руската Служба за заштита на шумите и воздух.


 

Од полноќ во Русија активни се повеќе од 34 шумски пожари, а противпожарните служби прават сè за да ги изгаснат огновите.

Поголемиот дел од пожарите се во Краснојарск, каде што се уништени околу 5.400 хектари шума.

Прогласена е вонредна состојба во Бајкалскиот регион, како и во областите околу Иркутск, Тува и областа на Хакасија.

Со пожарите се борат 1.700 пожарникари и 234 опремени единици.

Во последните 24 часа тие успеаја да  го изгаснат пожарот на 3.700 хектари.