Во неколку боливиски градови има недостиг од храна и гориво


Жителите на неколку боливиски градови пријавиле дека имаат недостиг од храна и бензин заради протестите на приврзаниците на соборениот претседател Ево Моралес.

Привремената боливиска Влада соопшти дека нејзините напори за снабдување на Ла Паз се соочени со предизвици, бидејќи тврдат дека приврзаниците на Моралес прекинаа некои транспортни маршрути, пренесуваат американските медиуми.

Блокадата околу градот Санта Круз, исто така, ја наруши трговијата. Производителите велат дека овошјето и зеленчукот скапуваат во камионите што не успеале да дојдат до пазарите.

Најмалку 23 лица погинаа во уличното насилство што изби веднаш по спорните претседателски избори, оддржани на 20 октомври.

Моралес прогласи победа уште по првиот круг од гласањето, но неговите противници соопштија дека имало изборни нерегуларности, и почнаа масовни протести. Откако беше заклучено дека, сепак, имало изборни нерегуларности, Моралес на 10 ноември поднесе оставка и замина за Мексико, каде веднаш побара и доби азил.


Вести

Пад од 13 места за земјава во однос на степенот на корупција, Владата уверува дека води бескомпромисна борба

– Пад од 13 места бележи Република Северна Македонија во рангирањето на Индексот за перцепција на корупцијата, односно со вкупно 35 поени е пласирана на 106 место, за разлика од 2018, кога беше на 93-то […]

Вести

Заев повика работните групи денеска да почнат преговори за законот за ЈО, Мицкоски бара прво да се прифатат нивните забелешки

– Како структурно и системско решение, далеку од рацете на политичарите и во функција на јакнење на независноста и реформите во праводуството и воопшто го оцени предлог законот за јавно обвинителство лидерот на СДСМ, Зоран […]

Вести

Првиот човек на Европскиот совет, Шарл Мишел во посета на земјава

– Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска  ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разговара за новата методологија на преговарање, […]