Во Колорадо гори шума од 800 квадратни километри, можна евакуација на населени места


– Во сојузната државата Колорадо горат шуми на површина од 800 квадратни километри. Оганот за првпат бил забележан вчера попладне и брзо се проширил благодарејќи на силниот ветар, јавуваат американските медиуми.


 

Ова е еден од најголемите пожари во историјата на државата. Спасувачите и пожарникарите се на терен и досега успеале да локализираат 62 отсто од пожарот. Се користи и авијација со помош на која на жариштата се исфрлаат специјални раствори за гасење пожар.

Според Си-ен-ен, има опасност пожарот да го зафати и населеното место Џејмстаун, властите на Колорадо ги повикаа неговите три илјади жители да се подготват за евакуација.

Синоптичарите прогнозираат ветерот да се засили вечерва, затоа пожарникарите брзаат да го изгасат огнот на колку што е можно повеќе површина.