Во Кина изграден погон за производство на вакцината на Астра Зенека



– Кинеската компанија „Шенжен кангтаи бајолоџикал продактс“ (Shenzhen kangtai biologic products) соопшти дека ја завршила изградбата на фабриката направена за производство на 400 милиони дози вакцина од компанијата „Астра Зенека“ на годишно ниво, што е двојно повеќе од целта објавена минатата година.


 

„Компанијата активно ги поттикнува процедурите за клиничко испитување на вакцината и нејзината регистрација во Кина, ја заврши изградбата на производствен погон и започна со пробно производство“, се вели во соопштението на компанијата со седиште во Женжен.

Компанијата се стекна со право да ја снабдува континентална Кина со вакцината АЗД 1222, развиена од „Астра Зенека“ и Универзитетот во Оксфорд.

– Вакцината може да биде лиценцирана во Кина до средината на 2021 година, откако ќе бидат собрани податоци од првата и втората фаза на клиничките испитувања во оваа земја, како и податоци од последната фаза на клинички испитувања во странство, изјави претходно Леон Вонг, директор за операции на „АстраЗенека“ во Кина.