Во Израел се зголемува бројот на пациенти кои по третпат се заразени со Ковид-19


– Министерството за здравство на Израел денеска соопшти дека се зголемува бројот на луѓето кои по третпат се заразени со Ковид-19 и дека се очекува тоа да продолжи.


 

До декември 2021 година, само 12 лица се заразиле со коронавирусот по третпат, а до крајот на јуни оваа година тој број достигна 992, јавија израелските медиуми.

Здравствените експерти сметаат дека една од главните причини за третата инфекција е фактот што повеќето Израелци повеќе не се грижат дали ќе се заразат и не носат маски.

„Вакцината се уште обезбедува добра заштита, но кај ризичната популација, вакцинацијата и закрепнувањето од болеста не обезбедуваат 100 процентна заштита“, рече Илана Ганс, раководителка на одделот за јавни здравствени услуги во Министерството.

Во првите бранови, односот кон Ковид-19 беше како кон повеќето заразни болести и се сметаше дека лицето кое закрепна е речиси целосно заштитено од инфекција и секако од сериозна болест, објасни таа.

Во сегашниот бран, 10 до 15 проценти од потврдените случаи се повторно забиолени, а бројот на заболени по третпат се зголемува.