Во Истанбул почнува судски процес поради убиството на Џамал Кашоги



Семејството на новинарот Кашоги им прости на убијците - МИА

Според обвинението, Ахмед ал-Асири, поранешен заменик шеф на саудиската разузнавачка служба, и Сауд ал-Кахтани, поранешен советник на престолонаследникот Мохамад бин Салман, се обвинети за „поттикнување планирано убиство со монструозна намера“. Уште 18 лица се обвинети за убиство со „монструозна намера и тортура“.

Обвинителството бара тешка доживотна казна затвор за сите обвинети, односно најголема можна казна во Турција од укинувањето на смртната казна во 2002 година.

Сведок на обвинителството ќе биде и свршеничката на убиениот новинар, Хатиџе Ченгиз, која на денот на убиството го чекала Кашоги пред конзулатот. Исто така, ќе сведочи и Агнес Каламард, специјална известувачка на ОН за вонсудски егзекуции, која ја истражувала смртта на Кашоги.

Ријад во декември минатата година во таен судски процес осуди пет лица на смртна казна поради убиството на Кашоги.

Синовите на саудискиот новинар изјавиле дека им простуваат на убијците.

– Судењето во Истанбул претставува најдобра надеж за правда за Кашоги по бесрамното неизвршување на правдата од страна на саудиските судови, истакна Ерол Ондероглу, турски претставник на организацијата за надзор на слободата на медиумите „Репортери без граници“.

Џамал Кашоги е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври 2018 година. Тој пристигнал во дипломатското претставништво за да добие документи кои му биле потребни за венчавка со Хатиџе Ченгиз, која го чекала пред конзулатот. Кашоги, кој бил голем критичар на саудискиот престолонаследник Бин Салман и колумнист на „Вашингтон Пост“, е задавен во конзулатот, а потоа неговото тело било распарчено на делови, се наведува во обвинението.


Вести

Протест за декриминализација на марихуаната пред Основниот кривичен суд во Скопје

Протест за декриминализација на марихуаната и поддршка на активистот Филип Достовски се одржа денеска пред зградата на Основниот кривичен суд во Скопје. Претседателот на здружението Зелена национална агенда за Македонија – ЗНАМ Огнен Узуновски, рече […]

Седум нови случаи со Ковид-19 во Пијанец и Малешевијата - МИА
Вести

Нови 152 случаи на Ковид 19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 1630 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети, соопшти денеска Министерството за здравство. Од новите случаи најмногу има во: […]

Вести

МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства

– Анализите направени од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) покажуваат дека голем дел од училиштата немаат обезбедено технички средства за следење на онлајн настава, но од Министерството за образование и наука уверуваат дека […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*