Во Иран за еден ден регистирирани 107 смртни случаи од Ковид-19


Во Иран за еден ден регистирирани 107 смртни случаи од Ковид-19 - МИА

Техеран, 14 јуни 2020 () – Иранските здравствени власти соопштија дека во изминатите 24 часа регистрирани се 107 починати лица од последици од Ковид-19.


 

Тоа е најголема бројка на починати во последните два месеца.

Во Иран со новиот коронавирус вкупно се инфицирале 187.427 луѓе, од кои 8,837 починаа, а оздравеле 148,674 луѓе.