Во Иран нови 200 смртни случаи од Ковид-19


Во Иран нови 200 смртни случаи од Ковид-19 - МИА

Техеран, 7 јули 2020 () – Во Иран, 200 лица починаа во претходните 24 часа од последиците од Ковид-19, најмногу во еден ден откако се прошири пандемијата во таа земја.



Вкупниот број на смртни случаи во Иран од оваа болест е 11.931, додека од почетокот на пандемијата, регистрирани се 245.688 случаи на инфекција, од кои 2.637 во текот на претходниот ден.

До вчера, во Иран најголем пораст на бројот на смртни случаи за еден ден беше 163, но црниот рекорд беше соборен во следните 24 часа со 200 потврдени смртни случаи.

Дневниот број на заразени со коронавирус и смртни случаи во Иран се зголеми нагло во текот на изминатата недела, откако властите почнаа постепено да ги ублажуваат ограничувањата наметнати кон средината на април.


Вести

Регистрирани 1342 нови случаи на Ковид-19, оздравени 679 пациенти, починаа 22 лица

Од направени 3399 тестирања во последните 24 часа, регистрирани се 1342 нови случаи на Ковид-19, додека во исто време починаа 22 лица, а Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. […]

Бизнис и економија

КСС: Недела неработен ден без правење хаос во Законот за работни односи

– Конфедерацијата на слободни синдикати предупредува дека со Предлог-измените во Законот за работни односи со кои недела треба да се прогласи за неработен ден ќе се направи хаос бидејќи со подзаконски акти ќе се утврдува […]

ССМ: Социјалниот дијалог дава резултати, потребата од Синдикатот и колективните договори се потврдува во најтешките моменти - МИА
Бизнис и економија

ССМ: Измените во ЗРО не одат во прилог недела да биде неработен ден

– Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*