Во Индија за еден регистирирани приближно 12.000 новозаболени лица од Ковид-19


Во Индија за еден регистирирани приближно 12.000 новозаболени лица од Ковид-19 - МИА

Њу Делхи, 14 јуни 2020 () – Во изминатите 24 часа во Индија регистрирани се рекордни 11.929 нови случаи на Ковид-19, што е најголема бројка на дневно ниво.


 

Во Индија досега потврдени се 320.922 случаи на новиот коронавирус, од кои 9.195 починати.

Од епидемијата најпогодена е западната индска држава Махараштра, а во главниот град на Индија, Њу Делхи пријавени се најмалку 38.958 пациенти.

Индија е на четврто место по бројот на заразени во светот, по САД, Бразил и Русија.

Со новиот коронавирус во светот инфицирани се 7.888.961, од кои  432.696 починаа, а оздравеле 4.051.154 луѓе.