Во Индија почнаа првите клинички испитувања со вакцината „Коваксин“


Во Индија почнаа првите клинички испитувања со вакцината „Коваксин“ - МИА

Њу Делхи, 25 јули 2020 () – Индија ги почна првите клинички испитувања на пробната вакцина против коронавирусот, во време кога земјтаа се наоѓа на третото место во светот со повеќе од 1,3 милиони заразени со Ковид-19.



Властите потврдија дека првата доза на пробната вакцина „Коваксин“ денеска му е дадена на еден волонтер, јавија американските медиуми.

„Коваксин“ е една од дваесетината вакцини што во моментот минуваат низ клинички испитувања во целиот свет.

Според американските медиуми, Индија од неодамна бележи драстично зголемување на бројот на лица со Ковид-19 во четвртина од вкупно 36-те федерални држави и територии во земјата.