Во Германија уапсени 12 екстремисти


Во полициска акција против десничарскиот екстремизам, спроведена денеска во шест германски покраини, уапсени се 12 лица осомничени за припадност на терористичка група.  – Полициска претрес е извршен на 13 локации, а претресот започнал од пет лица претходно познати на властите, соопштија од Обвинителството во Карлсруе.  Терористичката организација планирала напади врз полицијата и припадниците на малцинствата.  Според германското сојузно обвинителство наводно петтемина формирале организација во септември 2019 година со цел да се наруши поредокот во Германија, а за постигнување на својата цел планирале напади врз политичари, баратели на азил и муслиманите, за да предизвикаат воена состојба.  Уште осум лица се под сомнение дека финансиски ја помагале групата, набавувале оружје и планирале да учествуваат во идните напади.


Вести

После седум години отворен главниот автопат во Сирија

Сириската армија денеска отстранува барикади и ја отвора главната сообраќајница што ги поврзува двата најголеми града, Дамаск и Алепо. Државните медиуми јавија дека откако почна сириско-руската офанзива минатиот декември, автопатот М5 беше е под целосна […]

Вести

Макрон со сериозен коментар за преговорите со Скопје и Тирана?

Некои членки на ЕУ велат дека треба да отвориме преговори со Албанија и Македонија, но голема хипокризија е што потоа нагласуваат дека тие држави не се способни за членство уште 10-15 години. Тоа не е […]