Во Франција се очекува почеток на генерален штрајк поради најавени промени на пензискиот систем


Франција се подготвува за масовен штрајк во кој ќе учествуваат милиони работници во знак на протест против плановите за подоцнежна возраст за пензионирање и намалени пензии.

 

Во генералниот штрајк ќе бидат вклучени вработените во училиштата и сообраќајот, правниците, медицинскиот персонал, персоналот на аеродромите и други.

 

Најмасовниот штрајк во последните години во Франција го организираат синдикатите незадоволни од плановите на претседателот Емануел Макрон за универзална бодовна пензиска шема.

 

Штрајкот се очекува да започне денеска при што некои водачи на синдикатот предупредуваат дека ќе го продолжи штрајкот се додека Макрон не го откаже своите намери за промена на пензискиот систем.

 

Според анкета, јавната поддршка за штрајкот е 69 проценти, а таа е најсилна кај младите луѓе на возраст од 18-34 години. Голем број на членови на „жолтите елеци“ рекоа дека планираат да се приклучат на протестите.

 

Синдикатите што ги претставуваат вработените во транспортниот сектор – автобуси и железнички персонал – се согласија да штрајкуваат денеска.

 

Само десет проценти од возовите ќе сообраќаат денеска, а некои регионални линии нема да работат воопшто. Со штрајкот ќе бидат погодени и меѓународни возови како Евростар и Талис.

 

Во Париз, метро-операторот РАТП ги предупреди патниците да очекуваат сериозни нарушувања во сообраќајот во текот на целиот ден. Од градските 16 метро линии, само пет ќе бидат во функција.

 

Контролорите на летот исто така се во штрајк, со откажани 30 проценти од домашните летови на Ер Франс, додека Изиџет откажа повеќе од 200 летови.

 

Во штрајкот ќе бидат опфатени и болничари и болнички персонал, адвокати и полицајци, поштари…

 

Министерот за здравство соопшти дека засега не е познато колку сериозно ќе бидат погодени болниците од штрајкот, но во тек се подготовките за штрајк. Од штрајкот ќе бидат погодени и родители чии деца одат во основно училиште.

 

Синдикатите што ги претставуваат средните училишта очекуваат 60 проценти од наставниците да учествуваат во штрајкот, но училиштата треба да останат отворени.

 

Во моментов Франција има систем од околу десет различни пензиски шеми што Макрон сака да ги обедини.


Вести

Заев и Мицкоски во домашна изолација поради контакт со заболен од ковид – 19

Скоипје, 9 април 2020 () – Лидерите на двете најголеми политички партии Зоран Заев на СДСМ и Христијан Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ од денеска се во задолжителна домашна изолација, соопшти денеска на вонредна прес – конференција […]

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19 - МИА
Вести

Починат притвореник во затворот во Шутка позитивен на Ковид 19

Скопје, 9 април 2020 () – Притвореник во затворот Скопје во Шуто Оризари, примен на 8 март оваа година, кој починал од срцев удар, без симптоми за коронавирус, посмортем му е потврден Ковид 19, соопшти […]