Во Франција на интензивна нега има над 5.700 пациенти


Бројот на пациенти со Ковид -19 во единиците за интензивна нега во Франција е зголемен за 103, достигнувајќи рекордна бројка од 5.729 годинава, соопшти француското Министерство за здравство.


 

Бројот на пациенти со Ковид-19 во единиците за интензивна нега се зголеми за 13,4 проценти во споредба со претходната недела.

Ова е најголемото неделно зголемување од 13 ноември.