Во експлозијата во Бејрут загинаа најмалку 30 лица, а над 3.000 се повредени



Експлозија во Бејрут - МИА

Бејрут, 4 август 2020 () – Претседателот на Либан, Мишел Аун итно свика состанок на Врховниот одбранбен совет по големата експлозија што го потресе Бејрут, додека премиерот Хасан Диаб најави дека утре ќе биде ден на национална жалост поради големиот број на жртви.

Либанскиот министер за здравство Хасан Хамад изјави дека во експлозијата загинале најмалку луѓе, а околу 3.000 се повредени во експлозијата што се случи во бејрутското пристаниште, во близина на центарот на Бејрут.

Директорот на либанскиот Црвен Крст, Жорж Кетанех изјави дека се уште не е познат точниот број на повредени, бидејќи голем број на луѓе се под урнатините на куќите.

Пожарот предизвикан од експлозијата се уште не е изгаснат.

Според либанската телевизија ЛБЦИ, хоспитализирани се над 500 луѓе, а десетици лица ќе бидат оперирани. Медимите јавија дека некои од болниците не се во состојба да примат повеќе пациенти.

Експлозијата предизвика уривање на терасите на зградите, кршење на прозорците и друга материјална штета и предизвика огромен облак прашина и чад.

Според либанската државна новинска агенција ННА, експлозијата се случила во градското пристаниште, каде се сместени магацини со експлозив.

Според неименувани безбедносни извори експлозијата се случила во магацин за хемиски супстанци.

Претходно, дел од локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил каде се сместени магацините со пиротехнички материјали.

Во меѓувреме, францускиот шеф на дипломатијата Жан-Ив ле Дријан на Твитер напиша дека „Франција секогаш е на страната на Либан и на либанскиот народ“.

Тој истакна дека Франција е подготвена да пружи помош во зависност од потребите на либанските власти.

Исто така и Грција и Кипар понудија помош доколку е потребно и изразија жалење и сочувство до Владата на Либан.

Министерството за надворешни работи на Грција соопшти дека земјата „е подготвена да им помогне на либанските власти со сите средства што ги има на располагање“, додека пак претседателот на Кипар Никос Анастасиадис преку официјалниот Твитер профил изрази подготвеност за било каква неопходна помош.

И иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф понуди помош за Либан.

– Нашите мисли и молитви се со големиот и силен народ на Либан, напиша Зариф на Твитер, додавајќи оти Иран „како и секогаш во целост е подготвен да ја пружи целата неопходната помош“. 


Вести

Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица. Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови […]

Вести

Објавени распореди на часовите за наставата на МРТ

Учениците кои немаат ИТ-уреди за да следат онлајн-настава преку платформата, часови ќе  гледаат на Македонската радио-телевизија на која секој ден ќе бидат прикажувани 15-минутни видеа за секој наставен час. Часовите ќе почнуваат во 8.30 часот […]

Вести

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-77, Куманово-9, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-11, Тетово-16, Струга-3, Велес-5, Битола-6, Охрид-2, Кавадарци-3, Гостивар-5, Гевгелија-1, Струмица-9, Крива Паланка-3, Радовиш-6, Кочани-10, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*