Во Египет на 11 и 12 август избори за нов парламентарен дом


Во Египет на 11 и 12 август избори за нов парламентарен дом - МИА

Каиро, 5 јули 2020 () – Во Египет на 11 и 12 август ќе се одржат избори за нов дом на Парламентот – Сенат, кој ќе биде првпат формиран, откако минатата година беше донесена таква одлука на референдум за ревизија на Уставот, изјави денеска претседателот на Изборната комисија, Лашин Ибрахим.

Уставните амандмани усвоени минатата година ќе овозможат формирање на Совет на сенатори, тело кое ќе има 300 членови, од кои две третини ќе ги избираат граѓаните, а една третина ќе ги именува претседателот.

Ибрахим истакна дека на изборите, кои ќе се одржат во време на пандемија на новиот коронавирус, ќе бидат преземени мерки за претпазливост, додавајќи дека на гласачките места ќе биде задолжително носење заштитни маски и одржување физичка дистанца.

Според него, резултатите од изборите се очекува да бидат објавени на 19 август.


Нови 173 случаи со Ковид-19, починати 15, оздравени 150 пациенти - МИА
Вести

Нови 139 случаи со Ковид-19, еден починат, 239 оздравени пациенти

Скопје, 12 август 2020 () – Во последните 24 часа се направени 1.627 тестирања, а регистрирани се 139 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-30, Куманово-20, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Тетово-6, Струга-8, Битола-2, Охрид-3, Кавадарци-8, Гостивар-19, Гевгелија-1, […]

Преговорите за новата влада по Илинден, ЕУ очекува стабилна коалиција и силен Парламент - МИА
Вести

В петок, според СДСМ, Заев ќе го добие мандатот, Мицкоски за нови избори ако се исцрпат можностите за формирање влада

Скопје, 12 јуни 2020 () – На два дена до рокот за доверување на мандатот за состав на Владата, официјално нема договор меѓу партиите кои освоија најмногу пратенички места. Од СДСМ тврдат дека Заев е […]

Нови 29 позитивни на КОВИД-19 од 349 тестирања во изминатите 24 часа - МИА
Вести

Бројот на новозаболени од Ковид-19 дневно се уште трицифрен, да се почитуваат мерките за заштита

Скопје, 12 август 2020 () – Нови 141 случај со Ковид-19 од 1.885 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Почина една 51-годишна пациентка од Скопје. Регистрирани се 161 […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*