Во Британија рекорден број починати од коронавирус-1.564 за еден ден


Во Британија повеќе од 32.000 починати од Ковид-19, најмногу во Европа - МИА

Во Велика Британија во последните 24 часа бројот на смртни случаи од коронавирусот достигна нов црн рекорд од 1.564, додека бројот на нови инфекции се зголеми за 47.525.



Како што пренесуваат британските медиуми, бројот на починати е поголем отколку на 8 јануари, кога претходно беше регистриран рекорден број смртни случаи, кој изнесуваше 1.325.

Вкупниот број смртни случаи во Велика Британија е 84.767, додека вкупниот број заразени со вирусот од почетокот на пандемијата во таа земја е 3.211.576, објави „Ворлдметерс“.