Во близина на Оландските Острови се насука фински крузер



Во близина на Оландските Острови се насука фински крузер - МИА

Хелсинки, 20 септември 2020 () – Крузер на финската компанија „Викинг лајн“ денеска се насука во близина на Оландски Oстрови, помеѓу Финска и Шведска.


 

Финските власти соопштија дека нема повредени и оти се подготвува евакуација на патниците.

Крузерот Аморела сообраќал од финскиот град Турку до Стокхолм, а на бродот има околу 200 патници и 80 членови на екипажот.