На капија пред куќа во Берлин утрпво е пронајдено тело на жена.
Берлинската полиција се сомничи дека се случило насилно убиство, а потврдено е дека се работи за жена која имала 61 година. Одделот за убиства на берлинската полиција започна истрага.
Се вели дека таа се здобила со рани на вратот од нож или друг остар предмет.
Капијата зад која е откриено телото на 61-годишната жена води кон дворот. До неа била пронајдена торба извалкана со крв. Во моментов нема информации за можниот напаѓач, пренесува RTL.