Властите во Минск распоредуваат тешка опрема и специјалци во пресрет на антивладиниот протест


Властите во Минск распоредуваат тешка опрема и специјалци во пресрет на антивладиниот протест - МИА

Минск, 13 септември 2020 () – Огромен број автобуси со припадници на специјалните воени единици (беретки) на Белорусија, тешка специјализирана воена опрема, како и воени камиони кои превезуваат воени лица се собираат во центарот на Минск поради очекуваните големи антивладини протести организирани денеска од белоруската опозиција, јави ТАСС.


 

After endorsements from Russian TV propagandists, Lukashenko feels super confident and ready to use violence against protesters. Minsk is filled with troops and barbed wire. pic.twitter.com/GMZECshbak

— az (@igiss) September 13, 2020

Опремата и луѓето беа пренасочени од воената единица во Уручие, област во североисточниот дел на Минск. Рано утрово тие минаа низ плоштадот „Независност“ во градот, каде ќе се одржат денешните антивладини демонстрации, закажани за 14 часот по локално време.

Just the regular preparations on an sunday in an Dictatorship #HumanRights #Belarus #Minsk #Lukashenka #Lukashenko #Belarusprotests #FreeBelarus #BelarusSolidarity #Belarus2020 #belarusrevolution #PutinsPuppet #Putin #PoliceBrutality #StandWithBelarus #BelarusSolidarity pic.twitter.com/GtgHUbEjg0

— Freedom Today (@FreedomTodayNet) September 13, 2020

Протестите почнаа по претседателските избори на 9 август. Според ЦИК, актуелниот претседател Александар Лукашенко освоил 80,10 отсто од гласовите, а неговиот главен ривал на Лукашенко – Светлана Тихановскаја 10,12 отсто. Граѓаните оттогаш со масовни протести го искажуваат своето незадоволство, обвинувајќи за изборен фалсификат, а на ист став е и поголемиот дел од меѓународната заедница.