Владата на Шпанија инсистира на продолжување на вонредната состојба


Владата на Шпанија инсистира на продолжување на вонредната состојба - МИА

Мадрид, 5 мај 2020 () – Шпанската Влада врши притисок врз опозициските партии да одобрат уште едно продолжување на вонредната состојба во земјата и предупредува дека неуспехот да се стори тоа може да предизвика хаос.

Министерот за транспорт, Хозе Луис Абалос очекува остра дебата во Парламентот на утрешната седница.

Тој смета дека овие мерки се најефикасниот правен инструмент во борбата против коронавирусот, бидејќи „тие им даваат на властите исклучителна моќ ограничување на слободата на движење“.

Абалос вели дека без тоа, сите досегашни жртви би биле бесмислени.

– Не постои план Б, нема алтернатива за вонредната состојба, рече Абалос на прес-конференција во Мадрид.

Министерот за здравство Салвадор Ила рече дека тоа е неопходно.

Шпанија успеа да го намали дневното зголемување на заразени од околу 35 проценти во средината на март на 0,16 проценти со помош на строгите мерки за изолација.

Повеќе од 25.000 луѓе во земјата починаа како последица од вирусот Ковид-19.


Вести

Регистрирани нови 1085 случаи на Ковид-19, починале 12 лица

Во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на ковид-19, починале 12 лица, а оздравеле 283 лица, соопшти вечерва Министерството за здравство. Од новодијагностицираните случаи најмногу има во: Скопје-447, […]

Вести

Официјално Македонија со нов рекорд, 1085 новозаразени од Ковид

Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 Вкупно дијагностицирани: 31572 Вкупно оздравени: 20731 Вкупно починати: 994 Активни случаи: 9847   Ковид состојба 31.10.2020 Новозаразени: 1085 Тестирани: 3294 Оздравени: 283 Починати: 12 […]

Вести

Од вторник во Австрија „локдаун“ и полициски час

Австриската Влада вечерва одлучи да спроведе „заклучување“ по вторпат оваа година, поради драматичната епидемиолошка состојба, од вторник, 3 ноември, со полициски час од 20 до 6 часот наутро. Австрискиот канцелар Себастијан Курц на прес-конференција рече […]