Вилијам Бар: Твитовите на Трамп ја поткопуваат мојата работа


– Американскиот јавен обвинител, Вилијам Бар изјави дека претседателот Доналд Трамп со своите твитови го поткопува и оневозможува извршувањето на неговата работа.

Критиката кон Трамп доаѓа во момент кога Министерството за правда се занимава со случај во кој е вмешан Роџер Стоун, поранешен осуден советник на претседателот.

Јавниот обвинител е обвинет дека попуштал пред притисоците на шефот на државата. Коментарите се редок пример на неговото несогласување со однесувањето на Трамп.

– Сметам дека е време да се престане со твитовите за кривичните предмети на Министерството за правда. Не можам да работам во Министерството покрај константните коментари во позадина кои ме поткопуваат, нагласи Бар.

Шефот на републиканците во сенатот, Мич Меконел изјави дека Трамп треба да го послуша советот на Бар.

Одлуката на Министерството за правда од оваа недела дека планира да го намали траењето на затворската казна на Стоун, долгогодишниот пријател на Трамп, предизвика гнев кај многумина. Тој е осуден во ноември поради опструкција на истрагата на Разузнавачкиот комитет за руското мешање во изборите во 2016 година. Федерални обвинители на почетокот препорачуваа дека Стоун треба да добие од седум до девет години затвор поради обид за спречување на истрагата.

Трамп набрзо го изрази своето несогласување на Твитер и напиша: „Ова е ужасна и многу неправедна ситуација“. 


ОС Велес му одреди 30 дена притвор на Владмир Панчевски - МИА
Вести

Три и пол години затвор за Владимир Панчевски

Велес, 4 август 2020 И) – Поранешниот претседател на Кривичен суд Скопје, Владимир Панечвски, обвинет за злоупотреба на системот АКМИС, вечерва од страна на Велешкиот суд беше прогласен за виновен и осуден на три години […]

Конституирано Собранието, верификувани мандатите на 120-те избрани пратеници - МИА
Вести

Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присустуваа на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав

Скопје, 4 август 2020 (МИА) – Сто и седумнаесет од вкупно 120 пратеници присуствуваа денеска на конститутивната седница на десеттиот парламентарен состав, која се одржа во салата Голема купола согласно здравствените протоколи за заштита од ширење […]