(Видео) Војската пристигна во главниот град на Киргистан, испукани куршуми кон возилото на поранешниот претседател



 

Претседателот на Киргистан, Соронбај Женбеков, денеска прогласи вонредна состојба во главниот град Бишкек и нареди распоредување на армијата.

Во наредбата не е прецизирано колку војници ќе бидат распоредени во главниот град, но им се укажува да користат воени возила и да постават контролни пунктови.

Киргистанската армија денеска донела воена опрема во Бишкек, потврди дописникот на агенцијата ТАСС, кој е на самото место.

Колони на воени камиони се забележани во главниот град, во јужните и западните делови на Бишкек, во кој живеат околу милион жители.

Во Киргистан во неделата се одржаа парламентарни избори, на кои четири партии го поминаа цензусот. Еден ден подоцна, избувнаа протести организирани од приврзаниците на опозициските партии кои не го минаа изборниот цензус.

Тие зазедоа неколку владини згради и од затвор ги ослободија поранешниот претседател Алмазбек Атамбајев и експремиерот Сапар Исаков.

Изборната комисија подоцна ги поништи изборните резултати.

Денеска Атамбајев потврди дека било пукано во неговиот автомобил , покажувајќи дупка од куршум во возилото.

Atambayev confirming his car was shot at #Bishkek #Kyrgyzstan by showing bullet hole on his car in pic.twitter.com/erx6exOiKw

— ofehrmedia.press (@OfehrmediaPress) October 9, 2020