(Видео) Урнати згради по земјотресот во Загреб, граѓаните излегоа на улица



 

По силниот земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала кој ја погоди Хрватска околу 12 и 20 часот поголемиот дел од Загреб остана без електрична енергија, има застој во сообраќајот, а луѓето панично излегоа на улиците.

Хрватските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во Србија и во Словенија.

Хрватските медиуми пренесуваат дека ситуацијата во Загреб е хаотична.

#BREAKING 6.3-magnitude #earthquake shakes #Croatia pic.twitter.com/usQu4Lzgok

— Global News (@GlbBreakNews) December 29, 2020

Засега нема информации за жртви и повредени, а оштетени се бројни објекти.

Најголема штета змјотресот предизвика во Петриња. Таму состојбата е драматична, има урнати куќи и луѓе заглавени под урнатините и во автомобили. На помош во овој град е испратена хрватската војска.

„Владее општа паника, луѓето ги бараат своите блиски“, вели градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ.

Slika upravo iz Petrinje koju je pogodio snažan potres, 6.2! Nadam se da nema ozlijeđenih🙏🏻 @N1infoZG pic.twitter.com/p7tQfuzkgw

— Tea Blažević (@blaTeabla) December 29, 2020