(Видео) Тројца научници добија Нобелова награда за физика



 

Добитници на годинешната Нобелова награда за физика се математичарот Роџер Пенроус, астрофизичарот Рајнхард Генцл и астрономот Андреа Гез, објави Нобеловиот комитет.

Британецот Роџер Пенроус беше награден за откривање дека создавањето на црни дупки е силно предвидување на општата теорија на релативитет.

Германецот Рајнхард Генцл и Американецот Андреа Гез беа наградени за откривање на супермасивен компактен објект во центарот на нашата галаксија.

Имињата на победниците ги објави генералниот секретар на Кралската шведска академија на науките, Јурен К. Хансон.

WATCH LIVE: Join us for the 2020 Nobel Prize in Physics announcement.

Hear the breaking news first – see the live coverage from 11:45 CEST.

Where are you watching from?#NobelPrize https://t.co/BFT0RYIiaa

— The Nobel Prize (@NobelPrize) October 6, 2020

Престижната награда доаѓа со златен медал и парична награда од 10 милиони шведски круни (повеќе од 1,1 милион долари), благодарение на наследството што го остави пред 124 години творецот на наградата, шведскиот пронаоѓач Алфред Нобел.

Сумата неодамна е зголемена за да се прилагоди на инфлацијата.