(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа



Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа, доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат Џо Бајден.



„Секако дека ќе го направам тоа.Секако. И вие го знаете тоа. Но, мислам дека многу работи ќе се случат пред 20-ти јануари. Многу нешта. Откриена е огромна измама. Како да сме земја од третиот свет“, рече тој.

Трамп додаде дека ќе биде тешко да се прифатат изборните резултати под вакви околности. „Овие избори се измама“, повтори Трамп во разговор со новинарите.

Trump silences rude activist reporter. “Don’t talk to me that way. You’re just a lightweight… I’m the President of the United States!” 🔥❤️🇺🇸 @realDonaldTrump pic.twitter.com/WJ3eazTG7X

— 🇺🇸Maggie VandenBerghe🇺🇸 (@FogCityMidge) November 27, 2020

Според Ројтерс, Трамп досега одбивал да го признае поразот, иако во меѓувреме прифатил и официјално да го започне процесот на транзиција на власта кон новата администрација на Џо Бајден.

Ројтерс исто така потсетува дека Бајден освои 306 изборни гласови наспроти 232 гласа на Трамп, како и дури шест милиони гласови повеќе. Во декември, избирачите требаше да гласаат и да ги потврдат резултатите од изборите на 3 ноември.