Едно лице загина, а 10 се водат како исчезнати откако избувна пожар и експлозија во фабрика за опрема за голф во јужен Тајван, соопштија тајландските власти.
Пожарот избувнал во фабрика лоцирана во индустриска зона во областа Пингтунг, соопшти тајванската противпожарна служба.
🚨#AlertaADN
Una explosión en una fabrica en el condado de Pingtung en #Taiwán deja al menos 81 personas heridas pic.twitter.com/x7CQhlM9hz— adn40 (@adn40) September 22, 2023
Речиси 100 луѓе се повредени и пренесени во болница, се додава во соопштението.
Тројца пожарникари се меѓу десетте исчезнати, соопшти противпожарната служба, пренесува „Ројтерс“.