(Видео) Тепачка во авион, жена одбила да стави маска



 

Жена е приведена за предизвикување тепачка во авион за време на лет на „Спирит ерлајнс“, која започнала зошто таа одбила да стави заштитна маска.

Еден од патниците снимил видео на кое се гледа жената како вреска кон маж во бела маица.

Caught on Camera: A fight over whether or not to wear a mask onboard a Spirit Airlines plane that had just arrived in Puerto Rico led to a woman – who police say was the aggressor – being tased by police who are considering filing charges.pic.twitter.com/2iJeNl12Pn

— David Begnaud (@DavidBegnaud) October 27, 2020

Инцидентот се случил во авион кој слетал во Сан Хуан, Порторико. На видеото се гледа како жената носи заштитна маска но спуштена под брадата, па друг патник ја предупреди да ја стави маската над носот и устата.

Таа бесно се упати кон другиот патник, но екипажот на кабината, како и останатите патници, се обидоа да ја сопрат. Таа не се смири, па се обиде физички да се пресмета со човекот кој ја предупреди правилно да ја стави маската.

На Твитер профилот имаше дебата за корисникот кој го објави видеото, а како што пишува, очевидец на целата ситуација објаснил дека жената турист во авионот била истепана и малтретирана пред таа да удри некого.

Dormirá en prisión la turista que agredió a un civil y varios agentes de la policía en medio de una trifulca en avión de Spirit cuando llegaba a la Isla. La joven de 24 años se le fijó una fianza de 150 mil dólares la cual no prestó. @TelenoticiasPR pic.twitter.com/ZOKRaRe7Gl

— Marjorie Ramírez (@marjramirez) October 27, 2020

Екипажот на авионот повикал полиција, која ја уапсила бунтовничката, а медиумите пишуваат дека таа ја минала ноќта во затвор.