(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд




Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин Јакобсдотир за „Вашингтон пост“.

Јакобсдотир зборуваше за влијанието на пандемијата врз туризмот, кога нејзината куќа почна да се тресе, што видно ја потресе премиерката на Исланд, пренесува Си-Ен-Ен.

„Извинете, само што имаше земјотрес“, рече Јакобсдотир.

Our Prime Minister @katrinjak response to an earthquake M5.6 live on @washingtonpost was fantastic. Calm, surprised but casual. “This is Iceland” 🇮🇸#earthquake #Iceland pic.twitter.com/DPea2NMlEr

— Áslaug Arna Sigurbjörnsdóttir (@aslaugarna) October 20, 2020

Набрзо потоа се насмеа и додаде:„Па, ова е Исланд“.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала вчера погоди област на 10 километри југозападно од Хафнарфјордур, крајбрежен град во близина на главниот град Рејкјавик, соопшти Геолошкиот топографски институт на САД.