(Видео) Се појави поранешно интервју на Пригожин, зборува за авион што ќе се распадне: „Подобро убијте ме“

1x-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Видео од едно старо интервју со шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, предизвика лавина шпекулации на интернет за неговата смрт, пренесуваат медиумите во регионот.


Во видеото, Пригожин зборува за тоа како повеќе би сакал да умре отколку да ја лаже својата земја и ја споредува нестабилната Русија со авион што се распаѓа во воздухот, во застрашувачко предвидување за неговата смрт во авионска несреќа.

„Денес стигнавме до точката на вриење“, вели Пригожин во видеото, пренесува Ројтерс.

„Зошто зборувам толку искрено? Затоа што немам право пред тие луѓе кои ќе продолжат да живеат во оваа држава. Сега ги лажат. Подобро убијте ме“, вели тој.

„Морам искрено да кажам дека Русија е на работ на катастрофа. А ако овие мали делови не се закачат, тогаш авионот ќе се распадне во воздухот“, рекол Пригожин, пренесува „Business Insider“.

Водачот на групата платеници, кој го предводеше неуспешниот пуч против руското воено раководство во јуни, загина минатата недела во авионска несреќа. Во неделата руските власти потврдија дека тој е мртов откако извршиле генетска анализа на пронајдените тела, јави Би-Би-Си.

Клип од интервјуто од април било споделено во саботата на каналот „Телеграм“ . Објавата предизвикала стотици коментари – некои покажуваат со прст кон Кремљ, а други сугерираат дека шефот на Вагнер знаел дека ќе биде убиен, пренесува „Business Insider“.

Истовремено потсетува дека , авионот „Ембраер“ кој летал од Москва за Санкт Петербург се урна во средата вечерта во областа Твер, а на списокот на патници се најде и лидерот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Сите 10 луѓе во авионот загинаа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK