(Видео) Прва снимка по падот на децата низ стаклениот покрив во белгиското училиште


staklen-pokriv-willy-the-wizard-YsT24V-ZE4Y-unsplash.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По несреќата во белгиската општина Де Хан, каде тројца малолетници паднале низ стаклениот покрив на основното училиште „Де Зибом“, на социјалните мрежи се појави првата снимка од местото на инцидентот.


Едно дете е тешко повредено и во критична состојба било пренесено во болница, но неговата состојба подоцна се стабилизирала. Две деца се полесно повредени. Според информациите, децата на возраст од 12 и 13 години се искачиле на рамниот покрив и пропаднале околу пет метри низ светларникот директно во училишната кујна.

@hln_be Jongen (12) zwaargewond na val van 5 meter door lichtkoepel van school. #hln #crime #crimetok ♬ Disturbing – Perfect, so dystopian

Директорот изјавил дека ниту едно од нив не е ученик во ова училиште, но живеат во околината. Се претпоставува дека влегле во училишниот двор преку салата и дека веројатно се качиле на покривот за да си играат. Училиштето најави дека ќе ги информира учениците за случувањето како превентивна мерка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK