(Видео) Помош пристигнува од сите страни, доставени првите 20 подвижни куќички во Глина




 

Првите 20 подвижни куќички наменети за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина пристигнаа утрово во Глина, пренесува „Индекс“.

Досега се обезбедени над 80 подвижни куќички за семејствата погодени од земјотресот во округот Сисак-Мославина како дел од координирана акција на Министерството за туризам и спорт, Хрватскиот туристички одбор и Хрватското здружение за кампување, соопшти хрватското Министерство за туризам и спорт.

Подвижните куќички се донирани од многу компании, и се состојат од две соби за четири лица, имаат опремени кујни со маса, тоалет и туш.

Во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни куќички за сместување на повеќе од 500 луѓе.