Борците на Легијата на слободата на Русија, рускиот волонтерски корпус и сибирскиот баталјон известија дека влегле на граничната територија на Русија. На социјалните мрежи се шират снимки од наводни борби, на кои се слушаат истрели и експлозии. Илја Пономарев, руски опозиционер и поранешен пратеник во Државната дума, ги потврди извештаите за жестоки борби.
Heavy fighting in the Kursk region. Sounds of explosions and gunfights is reported. pic.twitter.com/hZZHOHCIeC
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 12, 2024
Руските партизани тврдат дека ја презеле контролата врз пограничниот град Лозова Рудка во Белгородската област, а во моментов се водат борби во селото Теткино во областа Курск. „Ете, конечно сме дома. Како што ветивме, во нашата руска земја носиме слобода и правда“, се вели во објавата на Сибирскиот баталјон на каналот на Телеграм.
„Претходно рековме дека нема да биде можно со мирни средства да се собори криминалниот диктаторски режим во Руската Федерација. Тој може да се елиминира само со оружје во рака. Почнавме да го исполнуваме нашето ветување. Продолжуваат жестоките борби на територијата на Руската Федерација“, додаваат тие.
🚨 BREAKING: Tanks with Russian Freedom Legion flags reportedly simultaneously entered both Belgorod and Kursk regions in Russia from Ukraine.
The Legion is composed of Russian soldiers fighting on the side of Ukraine against the Kremlin. pic.twitter.com/CWoDrtTp1t— Igor Sushko (@igorsushko) March 12, 2024
Гувернерот на Курската област Роман Старовојт објави дека диверзантско-извидувачка група се обидела да навлезе во областа кај селото, но нападот бил одбиен. „Имаше обид да се пробие диверзантско-извидувачката група, се слушаше пукање, но пробив немаше“, рече тој.
Легіон “Свобода Росії”, “РДК” та “Сибірський батальйон” заявили, що зайшли на прикордонні території Росії, повідомляють про бій. pic.twitter.com/KCcxnjcSa1
— Українська правда ✌️ (@ukrpravda_news) March 12, 2024
Тој додаде дека украинските сили го гранатирале селото за време на партизанскиот упад, при што едно лице било рането. „За жал, има жртви. Повреден е локален жител, му била укажана потребната помош“, објави тој на Телеграм. Воздушната тревога се уште е на сила во регионот Курск.
Address of the soldiers of the Siberian Battalion to the citizens of Russia.
“It will not be possible to overthrow the criminal dictatorial regime in Russia peacefully. It can only be removed with weapons in hand. Tonight we began to fulfill our promise. There are fierce battles… pic.twitter.com/zHHhtHGQlz
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 12, 2024
Рускиот воен блогер Вор Гонзо тврди дека вооружени групи во пикапи, поддржани од минофрлачки и артилериски оган, се обиделе да навлезат во Русија. Тој вели дека на приодот кон границата идентификувале неколку непријателски тенкови кои отвориле оган при обидот за напад.
Shooting in the Bilhorod region. Also explosions can be heard. pic.twitter.com/lTqZQmLDqE
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 12, 2024
„Според моите информации, непријателот не успеал да ја пробие одбранбената линија или да постигне други опипливи тактички успеси. Борбите се во тек“, посочи тој.
The Freedom of Russia Legion have published a video of the alleged destruction of a Russian APC in the Belgorod region. pic.twitter.com/PhPUaVxGLm
— NEXTA (@nexta_tv) March 12, 2024
Портпаролот на украинското воено разузнавање (ГУР) Андриј Јусов истакна дека спорните единици се составени од руски државјани. „Тие дејствуваат на територијата на Руската Федерација целосно автономно, независно, исполнувајќи ги своите општествено-политички програмски задачи. Впрочем, ова не се први такви акции на овие структури и организации во таа област“, рече тој.
🚨 Pro-Ukraine Siberian Battalion composed of Russian soldiers began a joint operation with the Russian Freedom Legion / Russian Volunteer Corps at night and crossed the border from Ukraine to Belgorod & Kursk region in Russia.#WindofChange pic.twitter.com/dBOuY54nMX
— Igor Sushko (@igorsushko) March 12, 2024
Руските медиуми и руското Министерство за дигитален развој известуваат дека бројни електронски услуги во регионот на Белгород во моментов се недостапни поради сајбер напади. Легијата на слободата на Русија сподели видео на кое наводно се гледа уништување на руски оклопен транспортер во регионот Белгород.