(Видео) Москва нападната со дрон, оштетена зграда, нарушен воздушниот сообраќај

1692339802_unnamed-file.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинско беспилотно летало утринава се урна во зграда во центарот на Москва, откако беше соборено од руската противвоздушна одбрана, што го наруши воздушниот сообраќај на сите цивилни аеродроми во руската престолнина, соопштија руските власти. Сведок на Ројтерс кој бил во областа опишал дека слушнал „силна експлозија“.


Руското Министерство за одбрана и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин изјавија дека нема жртви откако противвоздушната одбрана уништила беспилотно летало кое потоа удрило во зградата на Експо центарот во Москва  рано наутро. Експо Центар е група изложбени павилјони и повеќенаменски сали лоцирани на помалку од пет километри од Кремљ.

„Околу 04:00 часот по московско време, режимот на Киев изврши уште еден терористички напад користејќи беспилотно летало врз објекти лоцирани во Москва и Московската област“, ​​соопшти руското Министерство за одбрана.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK