Мајката на исчезнатиот израелско-американски држајванин го опиша последниот разговор што го имала со нејзиниот син пред да биде киднапиран од милитантите на Хамас. Рејчел Голдберг последен пат го видела својот единствен син Херш Голдберг-Полин (23) ноќта кон петокот на 6 октомври.
Таа вечер Херш отишол на израелскиот музички фестивал, кој следниот ден бил нападнат од Хамас. Голдберг рекла дека нејзиниот мобилен телефон обично е исклучен во еврејската сабота, но дека таа го вклучила таа сабота за да провери што се случува со нејзиниот син, пишува „Си-ен-ен“.
Неговите две пораки се појавиле на нејзиниот екран. Во првата пишувало: „Те сакам“, а во втората: „Извини“.
„Веднаш знаев дека се случило нешто страшно“, вели мајката.
Таа додаде дека последниот сигнал од мобилниот телефон на нејзиниот син бил откриен во Газа во саботата наутро, на 7 октомври, а потоа го виделе на видео, пред 18 дена.
„Оттогаш немаме информации. Ние и другите семејства на киднапираните Израелци живееме на планета полоша од болка. На планетата без сон, на планетата на очајот, на планетата на солзите“, рече Голдберг-Полин.