(Видео) Лондон: Илјадници луѓе протестираа против рестриктивните мерки, полицијата принудена да интервенира


Британската полиција денеска ги растури демонстрациите во центарот на Лондон против рестрикциите наметнати поради коронавирусот.

Полицијата интервенираше откако насобраните ги игнорираа предупредувањата за почитување на правилата за физичко растојание.

Илјадници луѓе, повеќето без маски, се собраа на плоштадот Трафалгар, каде говорниците ги критикуваа владините мерки за сузбивање на епидемијата како прекумерна реакција што непотребно ги ограничува човековите права и слободата на изразување.

Лондонската полиција претходно соопшти дека нејзините припадници прво ќе ги предупредат демонстрантите да ги почитуваат правилата за физичко растојание и дека потоа ќе делуваат доколку присутните не се придржуваат до препораките.

Првите три часа од протестот, полицајците не влегоа во толпата, но потоа почнаа да ги растеруваат присутните.

Британскиот парламент се подготвува да ги разгледа законите поврзани со епидемијата, а владата воведува нови ограничувања за борба против вирусот.

Скоро 42.000 луѓе починаа во Велика Британија поради компликации предизвикани од коронавирусот, што е највисока стапка во Европа.

Во претходните недели имаше нагло зголемување на бројот на смртни случаи и новозаразени.

Британската влада претходно неделава објави дека на баровите и рестораните низ целата земја ќе им биде забрането да работат по 22 часот.

Одредбите за задолжително носење заштитни маски се заострени, како и казните за непочитување.

Забрането е групирање на повеќе од шест лица, освен во случај на протест. На протестите може да се соберат поголеми групи луѓе, под услов организаторите да достават проценка на ризик и да ги почитуваат мерките за физичко растојание.


Вести

Берлин и Брисел очекуваат старт на преговорите до крајот на годината, се чека ставот на Софија

– Северна Македонија да ги почне преговорите за пристапување во ЕУ до крајот на годината очекуваат официјален Берлин и Брисел. Германската амбасадорка Анке Холштајн вчера изјави дека во однос на процесот на проширување јасна цел […]

Вести

Болничките капацитети забрзано се полнат, хоспитализирани околу 500 пациенти

– Вкупно хоспитализирани од Ковид-19 во цела држава има околу 500 пациенти. Само на Клиниката за инфективни болести во Скопје хоспитализирани се 108 лица, од кои дури 80 се на кислородна поддршка. На Инфективна нема […]

Вести

Нови 641 случаи на Ковид-19, починале 12 лица, оздравени 233

Во последните 24 часа се направени 2688 тестирања, а регистрирани се 641 нови случаи на Ковид-19,12 лица починале, а 233 оздравеле, соопшти Министерството за здравство. Од новите случаи во: Скопје има 325, Куманово-26, Дебар-1,Штип-25, Прилеп-38, […]

Биди првиот кој ќе коментира

Вашиот коментар

Твојата е-маил адреса нема да биде објавена.


*