Најмалку осум лица загинаа, а тројца се повредени откако невообичаено обилните дождови предизвикаа излевање на река во мексиканската држава Халиско.
„Атипичните“ врнежи целосно уништија четири куќи, а се проценува штетата на уште 50 згради, изјави локалниот функционер Густаво Роблес, пренесува Ројтерс.
While much of #Mexico is experiencing severe drought, storms earlier today in Jalisco caused flooding/flash floods that have killed at least 7 people with 9 reported missing 💔😭#ClimateActionNow pic.twitter.com/li2KTjRJp7
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) September 25, 2023
Тој рече дека локалните власти, кои соработуваат со федералната влада за прогласување вонредна состојба, добиле информација дека реката го поплавила подрачјето околу 7:20 часот и дека во операцијата учествувале повеќе од 100 припадници на спасувачките служби.
Mexico – 8 Fatalities After Flash #Floods in #Jalisco https://t.co/PhZzJ4wWl9 via @FloodList #inundaciones pic.twitter.com/zFMT8ZXKBB
— FloodList (@FloodList) September 26, 2023
Во исто време, властите во Гватемала соопштија дека најмалку шест лица загинале во понеделникот откако река излетала од коритата поради обилните дождови што ја погодија оваа централноамериканска земја во неделата.
Пред дождовите во недела, најмалку 29 лица загинаа во поплавите во Гватемала оваа дождовна сезона, според податоците на националната агенција за катастрофи.