(Видео) Исланд чека вулканска ерупција, делови од град потонаа за метар

Видео-Исланд-чека-вулканска-ерупција-делови-од-град-потонаа-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сеизмичката активност и подземните текови на лава се интензивираа во изминатите неколку дена на полуостровот Рејкјанес, во близина на главниот град Рејкјавик, поради што властите пред шест дена евакуираа речиси 4.000 луѓе од рибарскиот град Гриндавик.


Според исландските метеоролози, во последните 24 часа се забележани стотици земјотреси, а се уште постои голема веројатност за ерупција на вулкан.

Во последните информации од метеоролошката служба се наведува дека изворот на ерупцијата најверојатно се наоѓа северно од градот Гриндавик, во близина на планината Хагафел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Protecting the Planet – CBS News (@cbsnewsplanet)

„Во последните 24 часа се регистрирани вкупно околу 2о0 земјотреси. Повеќето од нив се мали земјотреси под јачина од 1, но утринава во 6 часот и 35 минути е измерен земјотрес со јачина од 3 степени во Хагафел“, известија тие.

„Како да седите во некој многу досаден филм, но сте заглавени таму, не можете да излезете од него. Тоа е нереално. Тешко е да се свари“, изјави 62-годишниот Ејнар Дагбјартсон за Ројтерс. Тој е еден од евакуираните жители на Гриндавик.

Дагбјартсон рече дека не спие добро со денови и постојано ги проверува вестите за да види дали ерупцијата започнала.

Дагбјартсон вели дека се надева оти ќе може да се врати дома и покрај се.

„Дури и половина град да потоне, да опстане пристаништето, важно за живот, се ќе се изгради повторно. Ако пристаништето исчезне, тогаш веќе нема живот овде“, рече тој.

„Овде веќе никој не живее. Од 3.800 жители, сега има нула“, изјави за Ројтерс Стефан Велемир, локален полицаец, додавајќи дека некои куќи се веќе целосно оштетени бидејќи земјотресите создале големи пукнатини на улиците и тротоарите во градот.

„Дозволуваме луѓето да влезат во нивната куќа по пет минути. По еден човек од секој дом оди по пет минути и ги зграпчува сите потребни работи“, рече Велемир.

Ингибјорн Гретарсдотир за Ројтерс изјави дека морала да чека во ред пет часа, надевајќи се дека ќе се врати во градот за да ги собере работите од нејзиниот дом во црвената зона – областа која се смета за најопасна и најблиску до местото каде што се очекува ерупцијата.

„Градот изгледа страшно. Многу е тешко да се оди таму и да се види сè. Лавата е под нашата куќа… Не знаеме дали ќе имаме дом…Не знаеме ништо “, рече таа, откривајќи дека нејзината куќа засега е во добра состојба, но земјата недалеку од куќата потонала за околу 90 сантиметри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK