Либанската шиитска милитантна група Хезболах објави кратко видео на социјалните мрежи со порака „Го чекаме петок“.
Во видеото, Хезболах го најавува обраќањето на неговиот лидер Сејед Хасан Насрала, закажано за петок, 3 ноември, на церемонијата во чест на „мачениците кои паднаа на патот кон Ал Кудс“.
Во говорот се очекува Насралах да ја објави политичката стратегија што Хезболах ќе ја води во иднина.
Hezbollah:
We wait for Friday. pic.twitter.com/aJYfdYlv2I
— Clash Report (@clashreport) October 31, 2023
Борците на Хезболах во повеќе наврати ја преземаа одговорноста за нападите врз Израел, кој одговори со бомбардирање прекугранични села.
Во соопштението, Хезболах рече дека дејствува во знак на солидарност со палестинската офанзива на Хамас против Израел. Во последните неколку недели, судирите меѓу Хезболах и Израел беа чести. Според последните информации, во тие конфликти досега се убиени седум израелски војници и 47 борци на Хезболах.