Меѓународните железнички врски меѓу Италија и Франција преку тунелот Фрежус се прекинати „на неодредено време“ поради големото лизгање на земјиштето во францускиот регион Савој кој граничи со Пиемонт, објави денеска италијанско-француската меѓувладина комисија за железничката линија Торино-Лион.
Tra Francia e Italia, la comunicazione ferroviaria è stata interrotta a causa di una frana nel dipartimento francese della Savoia. pic.twitter.com/2PcwD5An1t
— Gianluca (@Gianl1974) August 28, 2023
Одронот се случил во долината Мориен во неделата попладне, јавува италијанската новинска агенција АНСА.
Комисијата соопшти дека францускиот железнички оператор Снцф ги блокирал сите возови на нивните појдовни станици и дека може да поминат денови, а можеби и недели пред да се обноват услугите.