Момче е тешко повредено кога било нападнато од глутница кучиња на плажата во Махачкала.
Малото момче, чиј идентитет не се открива, е снимено како бега од десетина кучиња, кои додека трчаат му ги гризеле нозете.
Грозоморниот напад се случил на 28 август, а се е снимено од случајни минувачи кои биле на патот над плажата, пренесуваат медиумите.
Детето се сопнало додека се обидува да избега од глутницата. Во следниот момент момчето истрчува во водата надевајќи се дека кучињата нема да го следат. Токму овој потег му го спасил животот.
Детето е хоспитализирано по нападот.
Како што се наведува во написите, надлежните излегле на терен за да ги фатат кучињата од глутницата. А по вакцинацијата и стерилизацијата, кучињата ќе бидат пуштени повторно на улица.