(Видео) Француското МВР сака да ја затвори џамијата што сподели видео кое доведе до обезглавување на професор



 

Француска џамија изрази жалење што споделила видео за кое се верува дека го предизвикало страшното убиство на професорот по историја и географија, но францускиот министер за внатрешни работи побара таа да биде затворена, пренесува РТ.

Професоеот Самуел Пети беше обезглавен минатата недела, откако на својот час покажал карикатури со пророкот Мухамед како дел од лекцијата за слобода на изразување. Полицијата потоа го застрела и го уби осомничениот 18-годишен бегалец од Чеченија.

Убиството, кое се случи во Конфланс-Сан-Онорин, ја потресе Франција предизвикувајќи демонстрации и владина акција против исламскиот екстремизам во земјата.

J’ai demandé au préfet de la Seine-Saint-Denis de faire fermer la mosquée de Pantin qui a relayé la vidéo de haine envers Samuel Paty.#LE20H pic.twitter.com/NuT2ZASZyJ

— Gérald DARMANIN (@GDarmanin) October 19, 2020

Пети стана мета на напад откако таткото на еден од неговите ученици објави неколку видеа на социјалните мрежи во кои го осуди професорот како насилник и рече дека поднел тужба против него. Видеата, наводно, се шират во муслиманската заедница во регионот, а едно од нив дури го сподели и локалната џамија, Големата џамија во Пантин.

Ректорот на џамијата, Мохамед Хениче, рече дека сега жали за одлуката за споделување на клипот, но тврди дека видеото не го идентификувало професорот со име и не претставувало повик за насилство.

„Нема повик за омраза и нема повик против овој професор“, рече тој за „Франсинфо“.

Џамијата го отстрани видеото по убиството на Пети и издаде соопштение во кое го осудува нападот. И покрај нејзините напори да се огради од инцидентот, џамијата е обвинета дека помогнала да се поттикне убиството.

Францускиот министер за внатрешни работи, Жералд Дарманин, тврди дека нејзиниот имам промовирал порака во која се вели дека наставникот треба да биде заплашен и повика на затворање на џамијата, тврдејќи дека таа шири порака на омраза.

Дарманин вети дека ќе ги сузбие непријателските муслимански групи и екстремизмот преку Интернет. Човекот кој го снимил видеото подоцна бил уапсен заедно со уште неколкумина, вклучувајќи ги и роднините на осомничениот.