(Видео) Џастин Трудо телефонски разгововарал со лажна Грета Тунберг



 

Канадскиот премиер Џастин Трудо бил наместенод познатите руски пранкстери кои се преправаат дека се Грета Тунберг, па разговал со неа за геополитиката и светските лидери и ѝ ветил дека ќе ја запознаат со Теренс и Филип пренесува РТ.

Пранкстерите Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, познати и како Вован и Лексус, оствариле 10-минутен телефонски разговор со Трудо во јануари, откако беше соборен украинскиот патнички авион во Иран. Снимка од разговорот помеѓу Трудо и глас кој се претставува како Грета беше објавено на каналот на Вован и на Лексус на „Јутјуб“ во понеделникот, како последно во серијата „Stars Save the Earth”.

Трудо се обидел да ја увери лажната Грета дека дава се од себе да ги деескалира меѓународните тензии по трагедијата со авионот.

„Јас ве молам да влијаете на претседателот Доналд Трамп и на НАТО за да сфатат дека не само иднината, туку и сегашноста ќе ни биде украдена“, вели лажната Грета.

„Ние навистина балансираме многу различни работи во Ирак“, рече Трудо. „Има разбирање дека има вистински прашања околу меѓународната заедница и американскиот ангажман и нивните активности, но во исто време има признание дека во борбата против тероризмот, во борбата против ИСИС, Даеш, постои потреба од меѓународно воено присуство, вклучително и на Американците, за да се обезбеди стабилност во регионот“.

Незадоволна, лажната Грета му возвраќа: „Вие сте возрасни, но се однесувате како деца“.

Таа продолжува да зборува за свет со повеќе љубов, во кој има место за сите, „за бели и црнци, христијани и муслимани, за Трамп и за Путин, за мене и тебе, за Борис Џонсон… за Теренс и Филип“.

Алузијата на Теренс и Филип е за канадското хумористично дуо кое глуми во анимираното шоу „Саут Парк“. Трудо или ја пропуштил или ја игнорирал алузијата и ја пофалил лажната Грета за „точната перспектива“. Тој ѝ се заблагодарил што минатата година ја посетила Канада и ѝ помогнала на неговата партија да победи на изборите со тоа што јасно укажала на потребата „повеќе да размислуваме за младите“.

„Но, напуштете го НАТО“, одговара лажната Грета. „Фрлиете го оружјето. Земете цвеќе. Насмевнете ѝ и се на природата, живејте како човек“.

Трудо повторно покажува сочувствителност, велејќи: „И јас сонувам за свет во кој војниците не се потребни, но за жал, сè уште не живееме во тој свет и потребни се луѓе да се спротивстават на оние што ќе ѝ наштетат на невиноста. Но, многу ги ценам вашите страствени зборови и секогаш размислувам за тоа како можеме да користиме многу различни патишта за да тргнеме на патот кон мирот “.

„Главното копиле е Трамп затоа што Трамп прави сè за да нè убие“, вели лажната Грета.

Трудо истакнуваа дека мора да соработува со сите светски лидери што другите луѓе ги избираат, но додава: „Секако можам да разберам дека луѓето можат да имаат многу силни чувства кон него“.

Во тој момент, лажната Грета го кани Трудо да се приклучи на нејзиниот приватен клуб за „политичари, претседатели, шефови на влади кои ме поддржуваат и така, светските правила мора да се променат“. Трудо вели дека ќе треба да дознае повеќе за клубот и бара од лажната Грета да му испрати објаснување.

Лажната Грета потоа повторно ги споменува Теренс и Филип, барајќи од Трудо да ја запознае со нив.

„Ќе го замолам мојот тим да открие како можеме да ве поврземе … Сега немам нивни директни координати со мене“,вели Трудо.

Кабинетот на канадскиот премиер потврди дека телефонскиот разговор со лажната Грета навистина се случил во јануари, тврдејќи дека тоа не е прв повик до светски лидер и дека Трудо „утврдил дека повикот е лажен и веднаш го завршил“.